Жителите на Режановце ќе тужат ако не им се поправи патот

18.09.2015 12:50 | KumanovoNews

Жителите на село Режановце на изведувачот “Вибе“ кој  ја гради пругата кон Бугарија, му даваат рок до среда да одговори дали ќе го поправи патот оштетен од  движењето на камиони.

Жителите на Режановце ќе тужат ако не им се поправи патот

Доколку одговорот биде негативен, мештаните најавуваат тужба за компанијата.

Тие ја префрлаат вината на подизведувачот, но нас не не интересира подизведувач, туку не интересира изведувачот. Направија штета на патот и сакаме да го санираат. Последниве денови поминуваат камиони во помал број, но сепак поминуваат. Ако не сакаат да го поправат патот нема да дозволиме да поминуваат камиони веќе низ селото и крајно дупките сами ќе ги “закрпиме“, но ќе им поднесеме тужба - рече Зоран Крстевски, претседател на месна заедница Режановце.

Жителите на Режановце се надеваат дека проблемот ќе се реши во договор со „Вибе“ и Македонски железници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk