Жителите на Веселин Вујовски бараат асфалт

25.11.2017 12:13 | KumanovoNews

Граѓаните кои живејат на улицата Веселин Вујовски, над бараките во населбата Тоде Мендол, бараат општината да им ја асфалтира улицата.

Жителите на Веселин Вујовски бараат асфалт

  Тие тврдат дека улицата им била раскопана минатата година, поради поставување на фекална канализација и сега чекаат асфалт.

„Улицата никогаш не е асфалтирана иако ја користат голем број на жители на населбата. Има многу семeјства кои узурпираа дел од улицата, но ние бараме да се врати во првобитната положба и да се асфалтира“, - вели еден од жителите Наим М.

Тој додава дека за секои избори, претставници од политичките партии и општината им ветуваат дека ќе добијат асфалт, но откако ќе заврши гласањето никаде ги нема. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk