Жителите од Гладно поле бараат асфалт

28.09.2015 08:50 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека не ги решил инфраструктурните проблеми во населбата Гладно поле.

Жителите од Гладно поле бараат асфалт

Како што можете да видите сликата е катастрофална.На место урбанизирана средина ние се уште живееме на поле. Многу од  улиците не се асфалтирани и после секој дожд ние се давиме во кал. Со години  веќе одиме кај градоначалникот и бараме асфалтирање на улиците и приклучок кон канализациона мрежа но по се изгледа без резултат. Укажуваме до локалната власт дека вака не можеме да живееме, дека мора нешто да се преземе, да ни се изгради целосна комунална инфраструктура за што имаме платено уште кога почнавме да ги градиме нашите домови. До сега речиси ништо не е направено, - изјави Мартин Јанчиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk