Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жито маркети денеска донираа сто прекривки и сто перници во Општа болница Куманово.
Поголем дел од донацијата ќе биде за акушерското одделение, а дел ќе биде распоредена за другите одделенија. Од Жито маркети велат дека како општествено одговорна компанија донираат, а ова им е четврта донација во здравствена установа по Велес, Кичево и Кочани.
Денес сум посебно среќен што се наоѓаме тука во Куманово и што можеме да излеземе во пресрет на барањата за донација на Општа болница Куманово. Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите наши потрошувачи, кои се членови на лојална картичка и платформата “Навика да добивам овеќе“ ја издигнаа на еден повисок степен и можеме да донираме за општо добро во заедницата - изјави Стојанче Тодоровски, маркетинг директор во Жито маркети.
Директорот на болницата, Ариф Љатифи апелираше и други компании да го следат примерот на Жито маркети.
Оваа донација е од големо значење за нашата болница и ќе помогне да пружаме што поквалитетни здравствени услуги кон нашите пациенти. Истовремено им се заблагодарувам на Жито маркети дека не одбраа нас овој пат и тоа што го направија за нас - рече Љатифи.
Претставниците на Општа болница Куманово на донаторите им доделија благодарници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk