Житомел повторно пред штрајк

31.08.2010 12:40 | KumanovoNews

Во продавниците повторно нема житомелскиот леб. Во фабриката неколку месеци нема струја, а од вчера им е исклучена и водата.

Житомел повторно пред штрајк

 Житомел должи пола милион денари долг за потрошена вода на ЈП „Водовод„. По повеќе опомени на фабриката приморани сме да го прекинеме дотурот на вода- велат од претпријатието.

Извори од фабриката велат дека вчера биле произведени само 2 илјада парчиња леб, додека денеска целосно е запрено производството, поради необезбедени основни услови за работа. Вработените  се незадоволни од актуелната состојба во која се наоѓаат и поради тоа што немаат земено  плата од февруари. Повторно најавуваат дека ќе штрајкуваат и ќе се борат за своите права.

 Пекарницата е во сопственост на Бајруш Сејудиу, и по неговото апсење ја раководеа членови од неговото семејство. Од неодамна производство и дистрибуција на леб врши фирма од Струмица, поради што вработените повеќе пати штрајкуваа и бараа да се преиспита начинот на кој е променет сопственикот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk