Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
"Етносело Тимчевски" од Куманово доби златен медал за квалитет на услугата, во категоријата за етнотуризам, на 49. Меѓународен саем за туризам, кој се одржа во Нови Сад, Србија.
Ова признание го додели стручна комисија на Новосадскиот саем, составена од истакнати професори на факултетите за туризам и за гастрономија, хотелиери, долгогодишни туристички работници и експерти од министерствата и од институциите за туризам во регионот. За оцена на квалитетот и на услугата на угостителските објекти годинава се пријавија над 200 туристички комплекси на хотели и угостителски објекти од десетина земји од регионот. Во текот на саемот беа организирани презентации, стручни дебати и панели со цел да се споделат искуствата и да се запознаат спецификите на одделните видови на туристичката и на гастрономската понуда.
На 18 и 19 октомври, на Скопски саем, ќе се одржи првиот меѓународен гастрономски натпревар во Македонија, на кој ќе учествуваат над 200 учесници. Натпреварот го организира националното Здружение на готвачи "Гастро-мак".
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk