ЗНАМ ќе има кандидат за градоначалник и самостојна советничка листа во Куманово, објави Димитриевски

06.04.2025 22:48 | KumanovoNews

ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник, а партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе учествува во траката за тоа место, објави вечерва претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

ЗНАМ ќе има кандидат за градоначалник и самостојна советничка листа во Куманово, објави Димитриевски

Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници. Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите. Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник, а партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место“, напиша Димитриевски.

Тој додава дека владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ, откако во јавноста се појавија информации дека Димитриевски ќе замине во Министертсвото за одбрана, а кандидат за градоначалник ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ.

         

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk