ЗНМ бара казнување на насилството против новинари

21.07.2017 13:10 | KumanovoNews

Претставници на Здружението на новинари на Македонија се сретнаа со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кого разговараа за зголемување на безбедноста на новинарите.

ЗНМ бара казнување на насилството против новинари

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена работа на новинарите и истакна дека владата треба да воспостави ефикасен систем за казнување на насилниците. Со тоа ќе испрати јасна порака во јавноста дека насилсвото против новинарите и медиумските работници е неприфатливо.

Било побарано МВР да работи на расветлување на сите 53 напади против новинари, кои се случиле во изминатите пет години, а меѓу напаѓачите на новинари има и припадници на полицијата, кои во изминатиот период напаѓаа новинари на протести.

Министерот Спасовски соопшти дека МВР интензивно работи на расветлување на сите напади против новинари и вети дека многу скоро ќе излезе со првичен извештај за досегашната истрага за сите случаи. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се подобри соработката со обвинтелството, кое е клучен актер во водењето на истрагите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk