ЗНМ бара ослободување на новинарот Божиновски

19.08.2016 12:05 | KumanovoNews

 ЗНМ бара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски кој е екстрадиран од Србија, како еден од осомничените од случајот Шпион.

ЗНМ бара ослободување на новинарот Божиновски

Ако обвинителството имаше докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше обвинителството во меѓувреме кога за предметот Шпион веќе првостепено се осудени 19 лица. Очигледно е дека обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението, - стои во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ ги потсети македонските власти дека Европскиот суд за човекови права од Стразбург во неговите пресуди има констатирано дека затвoрање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани за тероризам и говор на омраза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk