Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на новинарите на Македонија и Здружението на новинарите на Србија, бараат од Министерот за правда на Република Србија, Никола Селаковиќ да спречи екстрадирање на новинарот Зоран Божиновски во Република Македонија.
Двете здруженија се загрижени што Божиновски ја чека одлуката за екстрадиција во есктрадициониот притвор и по истекот на законскиот рок од четири месеци, како и поради обвинувањата за шпионирање и злосторничко здружување со кое го товари Македонија.
- ЗНМ и ЗНС стравуваат дека Зоран Божиновски во Македонија ќе нема фер судење и истакнуваат дека и Република Србија, со евентуалната одлука за екстрадиција би се компромитирала себеси пред меѓународните демократски институции. ЗНМ и ЗНС истакнуваат дека екстрадицијата на Божиновски би била лоша порака за другите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот, и дека Република Србија со одлука за давање политички азил на Зоран Божиновски би покажала дека го почитува правото на заштита на новинарската професија и на слободата на изразување - се вели во соопштението од ЗНМ.
Делегација од двете здруженија во средата го посети Божиновски во затворот во Нови Сад.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk