ЗНМ незадоволно од МВР за инцидентот во Собранието

02.01.2013 15:20 | KumanovoNews

 Здружението на новинари на Македонија е крајно незадоволно од одговорот на МВР за претставката со инцидентот во Собранието.

ЗНМ незадоволно од МВР за инцидентот во Собранието

Одговорите на МВР не се однесуваат на нашата претставка.Ние баравме да се утврди одговорност на наредбодавачите и извршителите на одлуката која е спротивна на Уставот и со која беа спречени новинарите да ги следат настаните во Собранието. Насилното исфрлување на новинарите, без никаква правна основа од галеријата во Собранието е чин на цензура што е забрането со член 16 од Уставот на РМ. Потсетуваме дека согласно со член 70 од Уставот на РМ „Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Таква одлука не беше донесена, велат од ЗНМ.

ЗНМ очекува државните институции да смогнат сили да го расветлат случајот, а се додека тоа не се случи од здружението остануваат на одлуката за прекинување на разговорите со Владата.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk