Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Додека целиот демократски свет го слави денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода, - порачаа од ЗНМ на Светскиот ден на слободата на медиуми.
Зад овие ѕидини е притворен новинарот Зоран Божиновски, поради неосновани обвиненија. Неговата единствена вина е што имаше храброст да пишува за грдото лице на власта, за нејзините лаги, криминал и неморал.
Силно се солидаризираме со колегата Божиновски и сакаме да го увериме дека остануваме со него се додека не биде слободен.
Новинарите се затвораат, се тепаат, заплашуваат, прислушуваат, етикетираат и се дискредитираат со единствена цел да не говорат за злоупотребите на власта. Медиумите поради корупциските врски со власта, станаа пропагандна машинерија за манипулација со граѓаните.
Власта упорно одбива реформи во медиумите, кои значително ќе ја подобрат состојбата со слободата на изразувањето. Мора да престане насилството врз новинарите, а насилниците најостро да се казнат. Македонската радио-телевизија мора да биде сервис на граѓаните и медиумскиот регулатор мора да биде независен од политички влијанија.
Уставот на Македонија ја гарантира слобода на печатот, но власта не дозволува ова право да заживее. Јасно и порачуваме на власта дека под ниедна цена, нема да се откажеме од нашата борба за слободата на изразувањето, -стои во соопштението на ЗНМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk