ЗНМ утре бира председател

12.12.2014 15:04 | KumanovoNews

 Здружението на новинари на Македонија утре ќе бира: председател, членови на управен одбор, надзорен одбор и совет на чест.

ЗНМ утре бира председател

Изборното собрание ќе се одржи во хотелот Холидеин во Скопје. На собранието ќе присуствуваат и 23 новинари од Куманово.

Тројца наши колеги се кандидати за новите работни тела на здружението. Неџат Акифи од МТВ и ТВ Феста е предложен за член на управниот одбор, Далибор Стефановски од порталот Плоштад е на листата за надзорен одбор и Фросина Лазаревска од истиот медиум во совет на чест ,- велат од регионалната канцеларија на ЗНМ во Куманово.

Досегашниот председател Насер Селмани е еден од предложените кандидати, а дали ќе има противкандидати ќе се знае утре. По изборот на новото раководство, по нова година, ќе се бираат и координатори во шесте регионални центри Куманово, Штип, Тетово, Струмица, Охрид и Битола.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk