ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформите во медиумите и МРТ

29.06.2018 11:26 | KumanovoNews

ЗНМ бара од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане да го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со фиктивните амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски.

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформите во медиумите и МРТ

Претседателот Насер Селмани вели дека предложениот закон добил широка поддршка од новинарската заедница и поминал меѓународна експертиза од ОБСЕ и Советот на Европа и клучен е за почнување на медиумските реформи во Македонија, кои треба да го подобрат квалитетот на новинарството.

„Несфатливо е зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи на изборот на нов состав на програмски совет на МРТ и на Советот на Агенцијата кога од нивниот глас зависи кој ќе биде избран. Јавно повикуваме, претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуровска идната недела да закаже продолжување на расправата по законот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекинат лажната дебата и да дозволат Собранието да ги изгласа измените, - рече Селмани на прес-конференција.

Тој го повика парламентарно мнозинство да ја преземе одговорноста и да ги деблокира реформите во медиумите, ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно.

„Бараме Комисијата за прашањата за избори и именувања да утврди престанок на мандатот на тројца членови на Програмски совет на МРТ и на еден член во Советот на Агенцијата за медиуми, затоа што при нивниот избор не е почитувана законската процедура. Комисијата, треба да започне постапка за пополнување на испразнетите места во Советите, согласно одредбите на постојниот закон за АВМУ, - побара Селмани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk