Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за јавно здравје Куманово од почетокот на годинава, регистрирал 18 заболени од жолтица, од кои 10 се од општина Старо Нагоричане.
Заболени има во селата Алгуња, Драгоманце и еден случај во Бељаковце, при што заболените се од различни возрасни групи.
“Начинот на пренесување на вирусот е контактен. Најчесто се тоа неколку семејства каде се шири болеста. Последниот случај е ученик во шесто одделение во основното училиште “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане“ - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.
Во училиштата каде има деца болни од жолтица извршена е дезинфекција и истите се советувани да внимаваат на својата лична хигиена, посебно на миењето на рацете.
Стаменковска вели дека од месец во месец се намалува бројот на заразени од жолтица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk