Зоран Божиновски да се пушти од притвор, бара ЗНМ

23.06.2017 12:04 | KumanovoNews

Здружението на новинари на Македонија инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода.

Зоран Божиновски да се пушти од притвор, бара ЗНМ

„Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата Ленка Давиткова веднаш да го укине притворот. Долгиот притвор против Божиновски, веќе не служи за ефикасно одвивање на судскиот процес, туку прераснува во казна“, соопштува ЗНМ во јавното обраќање до надлежните институции.

Според ЗНМ, држење новинар во притвор речиси три години, во екстрадиционен притвор во Србија и притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји.

„Ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“, вели ЗНМ.

Здружението на новинари бара новата Влада јавно, во рамките на нивните надлежности да се заложи за ослободување на Божиновски.

„На сите им е јасно дека мерката притвор во случајот на Божиновски е злоупотребена од претходната влада, со единствена цел да се замолчи критички новинар“- велат од ЗНМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk