Зоран Божиновски изведен пред суд

28.04.2016 14:04 | KumanovoNews

 Во Основниот суд Скопје 1, денеска започна судењето на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“.

Зоран Божиновски изведен пред суд

На Божиновски му се суди во одвоена постапка од останатите осомничени за истиот случај,  бидејќи три години имаше азиланстски статус во Србија, а минатата недела беше екстрадиран во Македонија.

Божиновски побарал дополнително време за да се подготви, поради што  сослушувањето било одложено.

Новинарот Столе Божиновски тврди дека неговиот син бил незаконски екстрадиран од Нови Сад, бидејќи не била завршен жалбената постапка до повисок суд, откако му било одбиено барањето за азил во Србија. Зоран Божиновски пред судот ќе го брани адвокат од ЗНМ Миле Петровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk