Зоран Божиновски обвинет за шпионажа и уцена

18.07.2016 13:26 | KumanovoNews

Новинарот Зоран Божиновски ќе одговара пред судот за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Зоран Божиновски обвинет за шпионажа и уцена

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против лицето Божиновски, па по сеопфтно разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk