Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за градоначалник на Куманово

16.08.2017 14:34 | KumanovoNews

 Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ е кандидат за градоначалник на Куманово на престојните локални избори.

Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за градоначалник на Куманово

„ Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го предложи на Централниот комитет за кандидат за градоначалник на Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,- истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

 Ѓорѓиевски и на предходните локални избори беше кандидат за градоначалник на Куманово и во првиот круг освои најголем број на гласови од сите кандидати, а во вториот круг изгуби од градоначалникот на СДСМ Зоран Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk