ЖРК Куманово во финале на Купот

10.05.2019 09:19 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово одиграа одличен натпревар против тимот на Металург и забележаа победа со резултат 29-22, со што се пласираa во финалето на Купот на Македонија.

ЖРК Куманово во финале на Купот

Сигурниот старт на кумановчанки им обезбеди постојана минимална разлика во првото полувреме, а константниот притисок резултираше со пет гола предност и резултат 15-10 на полувреме.

После паузата Куманово продолжи во посилен ритам и успеа да направи максимални 8 гола предност по што беше јасно кој ќе биде вториот финалист, одкако Вардар победи во првиот натпревар против Стружанка.

Ана Шарановиќ постигна 9 гола во победата на ЖРК Куманово, Сања Дабевска со 8 гола, а Александра Боризовска го заврши натпреварот со 6 гола.

Женскот ракомет полека го превзема приматот на спорт број еден во градот и по подолго време сите очекуваат полна Спортска сала за финалниот натпрвар против Вардар. Овој дуел е закажан за сабота со почеток во 16 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk