Звездиниот караван во понеделник на Градскиот плоштад во Куманово

11.06.2024 09:41 | KumanovoNews

Фудбалскиот клуб „Црвена звезда“ и годинава го организира традиционалниот шампионски караван низ градовите во Србија и во  регионот. 

Звездиниот караван во понеделник на Градскиот плоштад во Куманово

Во Куманово „Звездиниот караван“ ќе пристигне во понеделник на /17 јуни/ во 18 часот, по што на Градскиот плоштад ќе се одржи музичко-спортски хепенинг кој ќе трае до 21 часот.

При посетата, навивачите, симпатизерите и љубителите на црвено-белите ќе имаат можност да го обноват своето членство, како и да се фотографираат со пехарите од Лигата на шампионите, Супер лигата, како и Купот на Србија.

„Дружењето е замислена како отворена фан зона, со анимации за посетителите, штанд за членoвите, а ќе бидат изложени и трофеите од Лигата на шампионите, од националното првенство и од Купот на Србија, со кои посетителите ќе можат да се фотографираат. Целиот настан ќе биде проследен со навивачките песни на фудбалскиот клуб. Ги повикуваме сите љубители, симпатизери и навивачи на ФК Црвена Звезда да бидат дел од овој голем настан, и да поминат едно незаборавно попладне со нас“, изјави Емил Ташевски, организатор на настанот и логистичка поддршка на клубот Црвена Звезда.

Промоцијата на белградскиот клуб во Куманово минатата година предизвика голем интерес и посетенот од сите генерации.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk