Звонко Богдан вечерва пее на градскиот плоштад во Куманово

09.11.2018 08:05 | KumanovoNews

 Српската музичка легенда на староградската песна и тамбурашката музика, Звонко Богдан, вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово. Концертот се организира по повод прослава на 11 Ноември -  Денот на ослободување на Куманово.

Звонко Богдан вечерва пее на градскиот плоштад во Куманово

- Оваа година за прв пат ќе имаме две вечери концерти на отворено. Првата вечер е настапот на Звонко Богдан, а утре во предвчерјето на празникот ќе пее познатата босанска група Хари Мата Хари. Двете вечери ќе имаме одлични гости со богат репертоар, а концертите ќе траат по 2,5 часа, - вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

Како предгрупи првата вечер се Сандра Милковска и Кумановски тамбураши, а утревечер Мартија Станојковиќ, Аулона Aјруалу и Бесим Мифтари, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

Концертот е закажан во 20.30 часот.

(фото.новости.рс)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk