Да не се пали оган на отворено
Граѓаните да не палат оган на отворено поради исклучително високите температури коишто се очекуваат во наредниве денови. Опасностите од избувнување пожари се големи, а тие може да се предизвикаат и од догорче на цигара, апелираат од дирекцијата за заштита и спасување во Куманово.