Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир за 2025 година
Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на градот за 2025 година.
Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на градот за 2025 година.
Возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка, во населбата Карпош е приведен, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот.
Ивана Ѓорѓиевска од Движењето „ЗНАМ“, која беше носителка на листата, денеска е реизбрана за претседателка на Советот на Општина Куманово.
ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово доби двe камиончиња за изнесување на смет од тесните улички во Куманово.
Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи првата седница во новиот состав.
Шест ученички од Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово влегоа меѓу најдобрите 50 тимови во земјата на натпреварот „Средношколец милионер“, благодарение на нивната оригинална идеја – апликацијата MindMap, наменета за анонимно споделување проблеми на младите.
Територијалната противпожарна единица во Куманово, доби противпожарно возило со хидраулична корпа, донација од противпожарната служба на Покраината Тирол во Австрија. Ова е прво вакво возило во градот и во регионот.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура, утре со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи “Скици 2025“.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
Прославата на 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор, започна претпладне кога повеќе делегации од градот и гости од земјата и странство, положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ.
Четири жени вчера пријавиле во полицијата дека биле мета на изманик, кој им се претставил како вработени во МВР, и од нив побарал исплата на пари заради операција на нивен близок, кој е повреден во сообраќајна несреќа.
По повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово, денеска на свечената седница беа врачени благодарници и признанија од градоначалникот Максим Димитриевски, на повеќе физички лица, танцови и спортски клубови од Куманово, кои со својата работа дале придонес во развој на градот.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, не открива кој ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Куманово, туку вели дека одлуката ќе се донесе во наредните денови, а неговото име ќе биде познато на конституривната седница.
Во Општа болница Куманово започна примена на нова, современа оперативна техника за третман на проксимални фрактури на бутната коска, заснована на принципот на двојна компресија.
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за половина денар за литар.
Од 11 до 14 ноември, во Алфи Техноцентар Куманово започнува највеселата и најисполнета недела во годината – Роденденската шопинг магија, по повод 16 години постоење на брендот Алфи во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса