Виолета Богдановска - пионерка меѓу жените во полицијата (видео)
Најдобра во класата на првата генерација полицајки во Македонија, прва жена инспекторка за малолетничка деликвенција во Куманово, прва жена инспекторка за одбранбени подготовки во државата, началничка на Секторот за превенција, се само дел од достигнувањата во професионалната кариера на Виолета Богдановска (56) од Куманово, која од минатата година е во пензија.