Неда Арсениевска - студентка по психологија која го освојува светот на уметничката фотографија
Младата фотографка Неда Арсениевска (21) од Куманово е студентка по психологија, членка на Фото клубот „Куманово“, која за пет години успеа да ги совлада тајните на фотографирањето и да се стекне со звањето мајстор на фотографијата.