
Управата за водење санкции со скромен буџет
Буџетот на Управата за водење санкции бавно и по малку расте од година во година, но расте и бројот на вработените. Со Ребалансот на буџетот што е во Собрание, буџетот на ова тело е зголемен за само 6 милиони денари, па сега изнесува 1,046 милијарда денари, а вкупно со приходи од самофинансирачки дејности и со заем од 116 милиони денари изнесува вкупно 1,201 милијарда денари или околу 19,5 милиони евра, се наведува во најновиот Извештај на „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“