
Општинската зграда во Бутел не е пренаменета во поликлиника
ВЕТУВАЊЕ: Врвен приоритет ќе ни биде изградба на нова модерна поликлиника во нашата општина. Но сè дотогаш, додека не се изгради новата поликлиника, уште во првиот месец откако ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник на општина Бутел, ќе ја понудам општинската зграда да биде достојна поликлиника за моите пријатели, познаници, за моите бутелчани. Јас лично и мојот тим ќе се откажеме од комодитетот само за да излажаните и понижени граѓани на општина Бутел се почувствуваат достоинствено и конечно добијат нова модерна зграда за своја поликлиника. Место каде конечно на современ модерен начин ќе се грижат за своето но и за здравјето на своите најмили. Не ми треба нова општинска зграда кога граѓаните нема каде да се грижат за најважното, за своето здравје. Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место. Имаме во план неколку солуции но уште не сме донеле одлука.