Ѓоковиќ го освои Вимблдон
Со денешната победа над Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ го докажа она што ќе биде официјално утре - дека е најдобар тенисер на светот. Освојувањето на Вимблдон и превземањето на првото место на АТП листата е продолжение на одличната сезона што започна оваа година.