Кумановската болница ќе остане без уролог, откако д-р Џемаили е назначен за в.д. директор

19.10.2023 15:24 | Сузана Николиќ

Единствениот специјалист уролог во Општа болница Куманово Фати Џемаили е незначен за в.д. директор, со што пациентите од Североисточниот регион  ќе останат без оваа услуга во јавното здравство.

Кумановската болница ќе остане без уролог, откако д-р Џемаили е назначен за в.д. директор

Министерот Фатмир Меџити, кој го стави Џемаили за директор, смета дека за тоа требале да мислат предходните министри и менаџери.

„За тоа требало да размислуваат господата моите предходници, но и предходните менаџери на Општа болница Куманово. Знаеме дека тука имаше многу проблеми и предходно, јас веќе нема да го дозволам тоа.  Тоа за што треба да ме држите за збор е дека ќе напредуваат работите во Кумановската болница, како никогаш досега. И затоа отсега натаму нема да дозволам никакви злоупотреби, луѓе кои не менаџираат добро, да седат и да спијат.  Ако сакаме здраво здравство за сите наши пациенти вака ќе работиме“, вели  Меџити.

Граѓаните на Куманово веќе реагираат на оваа одлука и сметаат дека таа е на штета на пациентите, бидејќи и досега долго чекале да добијат термин кај докторот, а отсега ќе треба да плаќаат приватно или да патуваат до Скопје.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk