Борба против криминалот и корупцијата во затвор Куманово, најави новиот директор Цветковски

30.07.2024 11:35 | Сузана Николиќ

Борба против криминалот и корупцијата, квалитетна ресоцијализација на осудените лица и  подобрување на условите за работа и за престој во Казнено-поправната установа затвор „Куманово“ со отворено одделение Крива Паланка, најави новиот директор  Оливер Цветковски, при преземањето функцијата во затвор К`шање.

Борба против криминалот и корупцијата во затвор Куманово, најави новиот директор Цветковски

„Самото именување за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово претставува чест и одговорност, но пред се голема обврска, бидејќи станува збор за една комплексна институција. Она за што максимално ќе се заложам во иднина е борбата против криминалот и корупцијата кои се нотирани во сите извештаи, како домашни така и странски. Ќе работиме на ресоцијализација на осудените лица, бидејќи во последно време енормно е зголемен број на извршители на кривични дела кои се на викенд, одмор, или брзо по издржување на казната се сторители на нови кривични дела. Секако, дека приоритет ќе биде и подобрување на условите за работа и подобрување на условите за престој на осудените лица“, изјави Цветковски.

Цветковски ја презеде функцијата од досегашниот директор Ненад Цветковиќ.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk