Промовирани книги за самосвесност
Книгите „Сонувам сон„ или „Несонувана виделина„ од Јасмина Наумовска и „Епифат (Споменик) на свесноста„ од Горан Стевчевски, синоќа беа промовирани во центарот за култура.
Книгите „Сонувам сон„ или „Несонувана виделина„ од Јасмина Наумовска и „Епифат (Споменик) на свесноста„ од Горан Стевчевски, синоќа беа промовирани во центарот за култура.
Една жена е полесно повредена во сообраќајна несреќа што денеска напладна се случи на булеварот „Октомвриска Револуција„ кај Спортската сала.
Стотина младинци на СДСМ денеска работеа на пролетно разубавување на природниот амбиент на Меморијалниот спортско-рекреативен центар Пелинце.
З.М.(44) од Куманово во алкохолизирана состојба го скинал знамето на ЕУ, ставено во канцеларијата за контакт со граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Трета МУБ„, а потоа ги навредувал присутните граѓани.
Во општото предвелигденско билдање на цените на сите прехранбени продукти, јагнешкото се вивна до небеса - на добиточниот пазар од 180 до 200 денари килограм жива мера, а во месарниците 400 денари кило!
Утре во 12 часот во Центарот за култура ќе се одржи традиционалната манифестација „Шарено јајце„.
Само нека знајат сите, вклучително и староновите кандидати за водачи на народот, прочитани се за овие две децении празни ветувања и изневери. Свеста на народот созрева, бавно но сигурно зрее паметењето.
Невработени лица до 27 години посетуваат обука за козметичари во средното земјоделско училиште "Киро Бурназ". Оваа обука трае веќе еден месец, а се реализира во соработка со Агенцијата за вработување и Центарот за стручно образование, со мерките за преквалификација на невработените лица.
Со слоганот „Иднината има предност„, НСДП ќе ја бара довербата на граѓаните на престојните парламентарни избори.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно Законот за празници, Велики Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
По повод големиот христијански празник Велигден, црковните настојателства на двете градски цркви во Kуманово ги известуваат верниците за распоредот на богослужбите.
Секторот за култура и фондацијата за култура на Куманово, по повод големиот христијански празник Велигден,вечерва организира концерт на женскиот хор „Злата Мегленска„ во соборниот храм „Свети Никола„.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, смета дека СДСМ ќе претрпи пораз на престојните избори, а нејзиниот претседател Бранко Црвенковски тажно ќе ја заврши политичката кариера.
Премиерот Никола Груевски со своите соработници денеска во Куманово, присуствуваше на промоцијата на новите книги на Факултетот за бизнис и администарација на албански јазик, а предходно ја посети спортската сала во изградба во земјоделското училиште.
Здружението на новинарите на Македонија реагира на Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во период пред започнување на изборната кампања предложен од Советот за радиодифузија,со кој се прави обид да се влијае на начинот на кој навинарите ги подготвуваат нивните прилози и кои соговорници можат да учествуваат во дебатни емисии за изборите.
Три први места, едно трето и една пофалница освоиjа домаќините, учениците од основното училиште „Крсте Мисирков„ на 48-та смотра на млади техничари и природници од Македонија, што денеска се одржа во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса