Груевски: СДСМ ќе ги загуби изборите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, смета дека СДСМ ќе претрпи пораз на престојните избори, а нејзиниот претседател Бранко Црвенковски тажно ќе ја заврши политичката кариера.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, смета дека СДСМ ќе претрпи пораз на престојните избори, а нејзиниот претседател Бранко Црвенковски тажно ќе ја заврши политичката кариера.
Премиерот Никола Груевски со своите соработници денеска во Куманово, присуствуваше на промоцијата на новите книги на Факултетот за бизнис и администарација на албански јазик, а предходно ја посети спортската сала во изградба во земјоделското училиште.
Здружението на новинарите на Македонија реагира на Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во период пред започнување на изборната кампања предложен од Советот за радиодифузија,со кој се прави обид да се влијае на начинот на кој навинарите ги подготвуваат нивните прилози и кои соговорници можат да учествуваат во дебатни емисии за изборите.
Три први места, едно трето и една пофалница освоиjа домаќините, учениците од основното училиште „Крсте Мисирков„ на 48-та смотра на млади техничари и природници од Македонија, што денеска се одржа во Куманово.
Лидерот на новата НДП, Руфи Османи вечер ќе ја промовира својата партија во кумановско-липковскиот регион.
Општинската организација на Црвениот Крст ќе ја одбележи Неделата на солидарност со собирање на прехрамбени производи и пари за социјално загрозените семејства во Куманово. Акцијата за време на викендот ќе се спроведе пред еден маркет во градот.
Денес претпладне во населбата ,,Средорек‘‘ започна со работа еден од двата пункта за превентивна вакцинација против мали сипаници кај децата.
Организацијата на жени „Кумановка„, по повод христијанскиот празник Цветници, организира натпреварување во аранжирање на цвеќе.
По повод 19 април, денот на основањето на Либерално Демократската Парија, општинската организација ќе се вклучи во повеќе активности на локално и централно ниво.
Здружението на бранители 2001 година организира трибина во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев„ утре во 18 часот.
Делегација на родителски невладини организации на деца со интелектуална попреченост од Киргистан, Казахстан и Таџекистан, денеска го посетија Дневниот центарот на лица со интелектуална попреченост во Куманово, и се запознаа со неговата работа , по што ќе ги пренесат стекнатите искуствата во нивните земји.
„Овие денови нашето здружение е под притисок на некои лица кои работат на тоа да внесат раскол меѓу стечајците со намера да не приклонат кон политиката на актуелната владеачка партија„- рече претседателката на Здружението на стечајните работници ,,УНИТ‘‘ Лилјана Георгиевска на денешниот состанок на стечајците во Куманово.
Од утре започнува интензивна имунизација на населението во Куманово, против ситни сипаници со цел да се спречи нивното ширење.
Започна реконструкцијата и проширување на регионалниот пат од селото Старо Нагоричане кон граничниот премин Пелинце. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 2 километра, за што ќе се потрошат 6 милиони денари.
Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот “МАКЕДОН“ и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Наше огниште“ од Куманово, утре во 19 часот, во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи промоција на романот „На пат во времето“ од Петре Наковски.
Основниот суд Куманово, вчера не работеше до пладне бидејќи во посета беше министерот за правда Михајло Маневски.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса