Европски тамбураши на семинар во Куманово
Во меморијалниот центар Пелинце, денеска започна семинарот на раководители – диригенти на тамбурашки оркестри, членки на Европски тамбураски сојуз. Семинарот ќе трае два дена, а учествуваат претставници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.