Амбулантата во „Перо Чичо“ да се стави во функција на јавното здравство, бараат граѓаните (видео)
Жителите од населбата „Перо Чичо“ со години наназад за основните здравствени услуги одат во амбулантите во градот, додека некогашната поликлиника во нивната населба пропаѓа. Запуштена и руинирана, таа потсетува на едно време кога услугите на јавното здравство им биле достапни на само неколку чекори од нивните домови.