Затрупана опасната дупка на Градскиот кеј
Големата дупка, која повеќе од еден месец зјаеше незаштитена на Градскиот кеј во Куманово, конечно е затрупана со земја. Работата ја заврши екипа од ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.
Големата дупка, која повеќе од еден месец зјаеше незаштитена на Градскиот кеј во Куманово, конечно е затрупана со земја. Работата ја заврши екипа од ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април - петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Централното одбележување на големиот христијански празник Велигден ќе биде во храмот „Св.Никола“ во Куманово, а со литургиите ќе чиноначалствува владиката Григориј. Празнично ќе биде во сите останати цркви во градот и селата.
Во Уметничката галерија на Музеј-Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, под наслов „Пикасо можеби јас“.
Околу 1.200 новозаболени од рак на дојка се регистрирани во текот на минатата година во Македонија, поради тоа што не одат редовно на преглед.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрираше два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.
Во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии “Планината го има последниот збор” од Бобан Стефановски.
Во организација на здружението за борба против рак „Борка - Езра“, утре во 14.30 часот во кружната сала на зградата на поранешен „Комитет“ во Куманово ќе се одржи едукативно предавања за превенција и рано откривање на малигните болести.
По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работел без паричен надомест, листите на чекање во оваа клиника повеќе не постојат, објави директорот на клиниката д-р Драган Милиќ. Вели дека сега во оваа установа постојат само листи на закажување.
Од полноќ, за 1,5 денари по литар ќе поскапат бензинот Еуросупер БС-95, кој сега ќе чини 84,5 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 73 денари за литар.
Советот на последната седница даде согласност за 76 нови вработувања во ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Со 15 гласа за и 14 против советниците го поддржаа предлогот за Измени и дополнувања на годишен план за вработување за 2023 година, со кој претпријатието ќе може да вработува нови луѓе за кои ќе има потреба во текот на годината.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа редовна акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Кај еден возач биле измерени 3,02 промили алкохол, а уште 13 возеле под дејство на алкохол.
Во изминатото деноноќие на територијата на Куманово наврнале 6 литри дожад на метар квадрат, а измерена е минимална температураво текот на ноќата од 6 степени.
Се поретко има случаи на дискриминација по етничка основа за време на школувањето и при вработувањето на младите Роми. Но, генералната општествена слика за иселување и барање на подобра економска и правна сигурност во земјите на ЕУ се пресликува и на ова група наши сограѓани, истакнуваАхмет Јашаревски, по повод Меѓународниот ден на Ромите „8-ми Април“.
Полека изминува и шестата година од преземањето на власта од страна на СДСМ, период кој што е сосема доволен за да се направи паралела, но и јасна дистинкција помеѓу владеењето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Кумановската полиција поднесе кривичнa пријавa против 61-годишен кумановец и против правно лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса