Четворица починати и 78 новозаболени од ковид-19 во Куманово
Четири лица починаа, а 78 се заразени од коронавирус во изминатите 24 часа во Куманово, информира Министерството за здравство во денешниот биланс за ковид состојбата во земјава. Од починатите, двајца се на 59-годишна возраст и по еден на 67 и 75 години.