Заштитeте се и имајте доверба во вакцинацијата, порача Марина Додевска
Како здравствено лице кое секојдневно се соочува со пациенти и ги согледува последиците од овој тежок и непредвидлив вирус, ве повикувам и охрабрувам да се заштитите и да пристапите со доверба кон вакцинацијата кој се спроведува и која следниот месец ќе стане уште помасовна за нашите граѓани. Не плашете се, вакцинирајте се, рече на денешната прес конференција Марина Додевска од Здравствен дом Куманово.