Пријавена уште една вработена во МВР со фалсификувана диплома
СВР Куманово до ОЈО поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила две кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, како и против М.Ч.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување исправа.