
Осумнаесетгодишник со голф удрил во пешак, па побегнал
Девојка се здобила со тешки повреди откако синоќа била удрена од автомобил во центарот на Куманово.
Девојка се здобила со тешки повреди откако синоќа била удрена од автомобил во центарот на Куманово.
Студентите на „Еуро Колеџ“ од Куманово денеска ја започнаа академската година. На првиот час им се обрати деканот професор д-р Љубиша Петрушевски, кои им посака многу успех, и да се стекнат со нови знаења на студиите.
Кумановката Сашка Димковска, архиварка во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово, по речиси 7 години останала без работа затоа што не ѝ е продолжен договорот. Новиот в. д. директор Херолинд Сакипи ангажирал друго лице, кое претходно не работело во институцијата.
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с. Проевце.
МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица, 12 полицајци - припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај и шест вработени на наплатна рампа Романовце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Со претставата „Се бара нов маж“ на Драмско-куклениот театар од Плевен, Бугарија, вечерва продолжува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово.
Виолета Димитриевска е назначена за овластен раководител на Секторот за финансии на Општина Куманово.
Пензионерите од денеска ќе добијат зголемени пензии за 2.500 денари. Од Министерство за социјална политика, демографија и млади велат дека околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.
Прекин во снабдувањето со електрична енерија утре ќе имаат потрошувачите од населбата Карпош, во Куманово.
Советниците на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гласовите на ГРОМ, Алијанса на Албанците, Беса и Алтернатива, денеска не ги прифатија предлозите на советниците од опозицијата Благојче Јаќимовиќ и Миле Андоновски од коалицијата на СДСМ, да се расправа за потрошените над 2,2 милиони евра, средства за семафорот во спортската сала, за реконструкцијата на малиот плоштад и за соколанскиот парк во Куманово.
Намалување на цените на Еуросупер бензините и од 95 и од 98 октани за половина денар стапува на сила од вечерва на полноќ, кај цената на Еуродизел нема промена, а Екстра лесното масло за горење се покачува за 0,5 денари одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Лекарите од Детска клиника во Скопје ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести.
Мирослав Тричковиќ од ДПСМ поднесе оставка во Советот на Општина Куманово поради неспоивост на функциите, откако кон крајот на август е именуван за директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците, при МОН.
Денеска ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на Општина Куманово.
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, при судар на мопед и тротинет.
Иако, менопаузата влијае не само на физичкото здравје, туку и на емоционалната и психолошка благосостојба на жените, многу од нив не се доволно свесни за проблемите и често не посветуваат доволно внимание на своето здравје во овој период.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса