
Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат
Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните податоци се гарантира со повеќе европски и домашни законски акти, а за секое прекршување предвидени се и соодветни казни. Неточни и невистинити се и тврдењата дека коронавирусот е измама, а вакцините смртоносни, со што може да се нанесе огромна штета врз здравјето на луѓето и нивно евентуално одвраќање од вакцинација која ги штити од сериозни последици