
Делта варијантата е позаразна, може да стане доминатна, но вакцините штитат од тешки форми на болеста
Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра