
Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината
Објава на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени. А, статистиката за која говори доктор Нуредини се однесува на една болница (Тетово) и за 9 август, кога значително почна да расте бројот на заразени. Така што, не може да се изведе заклучок каков што е изведен во постот