Кола излета од пат во Кратово, една жена загина, двајца повредени
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне во с.Железница, кратовско, на пат од с.Туралево кон Кратово кога патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот.