Меланија Станковиќ од „Толи Зордумис“ е државен првак во фрлање на ѓуле
На Државното првенство во атлетика за основни и средни училишта, кое се одржа викендов во Охрид, Меланија Станковиќ од ОУ „Толи Зордумис“ од Куманово, освои прво место со резултат 8,79 метри и со тоа се стекна со титулата државен првак во фрлање на ѓуле. Првенството го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.