Андреја Краљевски победник на втората Ендуро трка во Забел
Изминатиот викенд во општина Старо Нагоричане беше организирана втората ендуро трка од Македонскиот шампионат на кој учествуваа 20 натпреварувачи. Трката беше организирана од мото клубот „Сторм ридерс тим Куманово“ и донесе адреналин како за натпреварувачите така и за на публиката која дојде да го подржи овој настан.