Меѓународен боксерски турнир во Куманово
Од први до четврти јуни во Куманово, на игралиштето покрај спортската сала "Соколана" ќе се одржи третиот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.
Од први до четврти јуни во Куманово, на игралиштето покрај спортската сала "Соколана" ќе се одржи третиот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.
Советот на Општина Куманово ќе организира трка со хуманитарен карактер за прибирање на средства за помош при лекувањето на двете девојчиња Теодосија и Ана од Куманово. Трката ќе биде од ревијален карактер и ќе се одржи на 27 мај со почеток во 10 часот на Градскиот кеј.
Алексеј Стојановски од Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово освои прво место на Отвореното првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 12 години, кое викендов се одржа во Куманово, во организација на Тенискиот клуб ,,Тумба”.
Кошаркарскиот клуб Куманово во новата сезона ќе игра во Втората кошаркарска лига, откако на последниот клучен натпревар претрпе пораз. Ваквата разврска беше очекувана, бидејќи е директна последица на несогласувањата помеѓу управата и општинските власти околу финсирањето на клубот.
Извршниот директор на КК Куманово, Виктор Божиновски, реагира на изјавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за состојбите во КК Куманово.
Финасиските проблеми кои што ги има Кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“ се проблеми на клубот, Општина Куманово не е сопственик на овој клуб. КК Куманово е приватен субјект или акционерско друштво кое што е регистрирано со имот и е сопственост на приватна фирма од Куманово, кажа градоначалникот Максим Димитриевски на прашањето за превирањата во клубот и незадоволството што јавно го изразија играчите и стручниот штаб пред околу еден месец.
Гимнастичкиот клуб „Атлета“ од Куманово од почетокот на месецот работи во нов современ простор за вежбање. Клубот се пресели во нова сала која е со површина од 400 м2, во која децата од најрана возраст може да вежбаат и правилно да се развиваат.
Кошаркарите на Куманово запишаа важна победа против тимот на Струмица со резултат 89 - 82.
„Долг од 5 плати, ладна сала која протекува, тејпови за бандажирање, физиотерапевт, вода за пиење, па дури и искинати мрежи на кошевите, терапија за повредените играчи“, ова се само дел од проблемите со кој се соочуваат кошаркарите и стручниот штаб на Кошаркарскиот клуб Куманово во текот на целата натпреварувачка сезона, за кои се одлучија јавно да прозборат.
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери минатиот викенд беа гости на белградски Партизан, каде што одиграа пријателски натпревари против нивните младински екипи.
Фудбалскиот клуб „Куманово“ ветерани, кој е формиран пред девет месеци добива се поголема поддршка од фудбалерите, спортските работници и надлежните.
Со победа против фаворизираниот „Гостивар 2009“, Женскиот кошаркарски клуб „Куманово 2020“ ги заврши натпреварите во првенството во Првата Б лига за жени. Со шест победи и само еден пораз успеа да се искачи на петтото место на табелата што за нив претставува голем успех, каде ќе го дочекаат почетокот на следната сезона во септември.
Одбојкарскиот клуб Куманово, кој во 2017 година го освои Првенството и Купот на Македонија за жени, и беше еден од потрофејните клубови во градот, повеќе не постои.
Кумановецот Бајрам Мамутовски од Боксерскиот клуб Куманово, прогласен е за најдобар боксер на Меѓународен турнир во Лесковац, Р. Србија.
Бајрам Мамутовски, член на Боксерскиот клуб Куманово, освои второ место на Младинската боксерска златна ракавица, која викендов се одржа во Бања Лука, Република Српска.
Кошаркарскиот клуб Куманово може да добие нов сопственик, доколку успешно завршат преговорите со инвеститор од Нов Зеланд, кој е заинтересиран да го купи клубот.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса