По кој критериум е назначен новиот директор во Кумановската болница, прашува ВМРО-ДПМНЕ

20.10.2023 10:41 | Сузана Николиќ

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го прашува министерот Фатмир Меџити, по кој критериум д-р Фати Џемаили е назначен за в.д. директор на Кумановската болницата, ако само пред еден месец имаше конкурс на која беше изберена директорката Биљана Ивановска.

По кој критериум е назначен новиот директор во Кумановската болница, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Дали поради оваа негова одлука болницата ќе плаќа оштета ако директорката го тужи министерството. Од партијата тврдат дека додека министерот се занимава со смена на директори, во болницата недостасуваат основни средства за работа како:  локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите ги купуваат сами.

„По кој критериум освен шверцерско-пазарџиските комбинаторики е назначен новиот директор во кумановската болница, иако сега веќе разрешената директорка е избрана на конкурс? Кој и од чиј џеб ќе се плаќаат оштети од вакви евентуални правни постапки иницирани заради исклучиво заради партиски интереси. Бараме јавно да се објави извештај за констатирани неправилности врз основа на кои е направено разрешувањето. Потсетуваме дека Меџити истото пазарџиско однесување го продолжува по назначувањето и на економски директори на клиники, иако вети дека ќе ги разреши. Ваквото однесување е причина за катастрофалното менаџирање на установите, каде деновиве видовме дека ФЗОМ само констатира неправилности, но притоа не видовме конкретна преземена активност“, прашуваат од комисијата. 

 Тие додаваат дека додека се менуваат директорите, остануваат проблемите во кумановските здравствени установи на штета на пациентите. 

„Недостасуваат основни средства за работа како:  локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно. Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар. Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури. Поради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови. Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk