Излезноста во Куманово до 13 часот 29 отсто
Од Општинската изборна комисија соопштуваат дека до 13 часот правото на глас го искористиле 29 отсто од гласачите.
Од Општинската изборна комисија соопштуваат дека до 13 часот правото на глас го искористиле 29 отсто од гласачите.
Д.С.(29) од Куманово, синоќа се обидел да ограби двајца кратовци, но тие го совладале и го претепале, по што бил пренесен во болница.
До 10 часот во Куманово на гласање излегле 10 отсто од гласачите. Никакви инциденти не се регистрирани, и од Општинската изборна комисија велат дека гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера.
До 11 часот само двајца раселени гласале на гласачко место 1067 во Ученички дом “Професор Мијалковиќ„.
На полноќ заврши изборната кампања и започна изборниот молк. Молкот ќе трае до завршувањето на изборите во недела по 19 часот.
Ученици од гимназијата „Гоце Делчев„ во хуманитана акција собрале над 200 пакети облека и обувки.
Пол Сулигу, аташе за култура во Франциската амбасада, денеска го посети основно училиште „Браќа Миладиновци„, каде присуствуваше на приредбата „Читаме, пишуваме и пееме на француски јазик„ што ја организираа учениците што го изучуваат францускиот јазик.
Педесетина граѓани денеска се зачленија во општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз на иднината, денеска ги повика граѓаните на Куманово, во недела да ја дадат подршката за градоначалник и советници под реден број 42.
Кандидатот од Коалицијата За подобра Македонија, Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес - конференција им порача на кумановчани да гласат за дела, бидејќи на градот му требаат промени.
Носителот на советничката листа на Социјалдемократска партија на Македонија - Социјална правда, Бранко Арсовски денеска јавно им се заблагодари на сите поддржувачи, кои покрај двете најголеми политички опции се одважиле да застанат на нивна страна.
Во Центар за култура "Трајко Прокопиев денеска беше пуштен во употреба новиот дигителен филмски проектор. На промоцијата присуствуваше Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.
Од ВМРО - ДПМНЕ денеска го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека ништо не направил за Куманово, дека градот нема кино сала ниту стара градска архитектура.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на голем митинг на Градскиот плоштад во Куманово го претстави кандидатот за градоначалник и членовите на Советот, кои ја бараат подршката на граѓаните на престојните локални избори.
Јавното претпријатие “Куманово - гас “ со подобрување на временските услови ќе продолжи со изградба на дистрибутивна мрежа и приклучување на гас на поголемите јавни институции и приватни корисници во градот.
Александра Ѓеорѓиевска, кандидат за советник од независната политичка опција “Кога ако не сега“ на прес - конференција денеска обвини дека Општина Куманово се дави во долгови, а сметката на општината е блокирана.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса