Учениците од Лопате појдоа на училиште
Денеска започна наставата и за учениците Македонци од ОУ „Битолски конгрес„, во селото Лопате,, кои три дена ја бојкотираа, поради тоа што група ученици од албанска националност истепа нивни соученици.
Денеска започна наставата и за учениците Македонци од ОУ „Битолски конгрес„, во селото Лопате,, кои три дена ја бојкотираа, поради тоа што група ученици од албанска националност истепа нивни соученици.
Завршната конференција на проектот "Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење на единиците на локална самоуправа", денеска се одржа во Куманово.
Околу 100 жртви на семејно насилство од регионот се јавиле на СОС телефонот на Женскиот центар во Куманово, како дел од проектот „Заедно против семејно насилство„ што се спроведуваше во изминатите 9 месеци.
Околу 5000 пензионери од Куманово, наскоро, еден ден во неделата ќе добијат бесплатен превоз во градските автобуси. Тоа најверојатно ќе биде секој четврток, затоа што тогаш е пазарен ден во градот.
Министерството за образование и наука информира дека од утре, во сите јавни основни и средни училишта во државата, наставата продолжува да се одвива редовно.
Здружението на пензионерите Куманово денеска одржа свечена седница, по повод 65 гошниот јубилеј од постоењето. Во Младинскиот културен центар "Козјак", пред присутните зборуваше претседателот на здружението, Спирко Николовски.
Над 70 пожари на отворен простор се регистрирани од почетокот на месецот септември во општините Куманово, Старо нагоричане и Липково. Од противпожарната единица Куманово велат дека во просек интервенираат од пет до осум пати, што е многу голема бројка за овој период од годината.
Учениците Македонци од ОУ „Битолски конгерс„ во селото Лопате, денеска ја бојкотираа наставата, поради тоа што вчера биле истепани три нивни соученика, од ученици Албанци.
Денеска беше пуштен во употерба новиот производствен погон за преработка на арматурно железо на компанијата Стил-кон во селото Младо Нагоричане.
Планинарскиот дом во селото Малотино и околу 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории, изгореа во големиот пожат што веќе втор ден беснее на планината Козјак, на македонско-српската граница.
Поради високите температури кои деновиве ја зафатија државата, следните три дена наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до 12 часот.
Државниот завод за статистика распиша јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој ќе се одржи од 1 од 15 октомври.
Советниците утре ќе ја одржат педесет и првата редовна седница на Советот. Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, организираат вонредна крводарителска акција.
Екипата по прва помош од Црвениот крст на општината Чаир го освои првото место на државното натпреварување по прва помош, што во сабота се одржа во Куманово. Второто место и припадна на екипата на Центар, а трети беа претставниците од Прилеп.
Утре во раните утрински часови ќе се врши авио прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволат, прскањето ќе се изврши наредниот ден.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса